И ГРАЃАНИТЕ ТРЕБАЛО ДА ПОБАРААТ ЛИЦЕНЦА ОД „БЕСА ТРАНС“? Пивоваров зборуваше за трагичната несреќа во Бугарија (ВИДЕО)

Но, веднаш по одговорот, новинарката го праша дали кога граѓаните влегуваат во такси, претходно треба да одат до такси-компанијата и да бараат лиценца, на што тој одговори потврдно.

5,918

Според Владимир Пивоваров, Национален координатор за гранично управување, одговорноста за трагичната автобуска несреќа која се случи во Бугарија имаат и граѓаните како што имаат и институциите. Тој во „25 минути“, интервју за 24 вести зборуваше за фактот што автобусот немал лиценца.






– Дали некој од патниците прашал или побарал да види дали возилото со кое патувале има интербус дозвола? Верувам дека не – изјави тој во интервјуто.

Но, веднаш по одговорот, новинарката го праша дали кога граѓаните влегуваат во такси, претходно треба да одат до такси-компанијата и да бараат регуларна лиценца, на што тој одговори потврдно.

– Јас кога влегувам во такси барам тоа да е лиценцирано такси, поради мојата лична безбедност – рече Пивоваров.

Поврзани содржини