И ФИНАНСИСКАТА ПОЛИЦИЈА ГИ ПРОВЕРУВА ДИСКОТЕКИТЕ Се бараат финансиски проневери, нелегално работење, избегнување данок…

Се преземаат сите потребни мерки и активности за санкционирање на секој вид на неправилности кои ќе бидат утврдени во текот на акцијата, се вели во соопштението од Управата за финансиска полиција.

194

Финансиската полиција е активно вклучена во големата акција за проверка на работата на објектите кои функционираат како кабареа, дискотеки и ноќни клубови низ земјава и постапува согласно со своите законски надлежности, соопшти Управата за финансиска полиција.

Како што посочуваат, на располагање се ставени сите капацитети за потребите на оваа акција, чија цел да е открие евентуални неправилности и нелегални активности во работењето на овие објекти.






„Акцијата се фокусира на утврдување на финансиски проневери, избегнување на даночни обврски, нелегално работење и други неправилности во финансиското работење на угостителите“, соопшти финансиската полиција.

Паралелно со ова, се додава во соопштението, истражните органи се насочени кон откривање на сите аспекти кои би можеле да доведат до санкционирање на оние кои не ги почитуваат законите и регулативите.

„Во тесна координација сме со сите институции и работиме посветено на целосно отстранување на сите неправилности во насока на обезбедување на почитување на законите и регулативите. Се преземаат сите потребни мерки и активности за санкционирање на секој вид на неправилности кои ќе бидат утврдени во текот на акцијата“, се вели во соопштението од Управата за финансиска полиција.

Поврзани содржини