И ЕФТО ПУПИНОСКИ ГО ОТКАЖА НАСТАПОТ НА ПРОСЛАВАТА НА СДСМ Не прифаќа да биде „замена“ за Јордан Митев

Засега остануваат најавите дека ќе настапат Сузана Гавазова, Сања Барби, Благоја Грујовски, диџеј Фичо и Виолета Пандовска.

8,436

Популарниот фолк музичар Ефто Пупиноски ја информира јавноста дека нема да настапи на прославата по повод Денот на независноста на Македонија, која ќе се одржи утре во Пеленица, како што беше најавено.

Тој веста ја објави на својот официјален профил, потенцирајќи дека Ефто нема да биде нечија замена, а од што е толку оргинален самиот по себе е незаменлив.






Името на Пупиноски како музички гостин на настанот денес беше објавено на рекламниот плакат на организаторот – Општинската организација на СДСМ – Кисела Вода, на местото на неговиот колега Јордан Митев, кој го откажа гостувањето, бидејќи се работело за партиски настан.

Освен на Пупиноски и на Митев, откажани се настапите и на Адријана Кеш, Татјана и Новица Василевски, Мерак Меана…

Засега остануваат најавите дека ќе настапат Сузана Гавазова, Сања Барби, Благоја Грујовски, диџеј Фичо и Виолета Пандовска.

Поврзани содржини