И ЏЕЈМИ ФОКС ДОЖИВЕАЛ РАСИСТИЧКИ НАПАД ВО ДУБРОВНИК Оскаровецот раскажа како го навредувале

497

По тврдењата на американската глумица Габриел Јунион дека доживеала расистички инцидент во Дубровник, Хрватска, се огласи и актерот Џејми Фокс.

Во февруари 2017 година расистички напад доживеал и холивудскиот актер Џејми Фокс, кој во текот на посетата на еден ресторан го навредувале двајца пијани мажи.






Џејми целиот настан го објавил на Инстаграм, а светските медиуми брзо ја пренеле неговата вест.

„Пијани Хрвати ни пријдоа на маса и нѐ нападнаа. Нѐ пцуеја, нарекувајќи нѐ со погрдни зборови – рекол оскаровецот.

Во таа прилика брзо реагирал и персоналот на ресторанот, кој ги оддалечил пијаните Хрвати, а набрзо полицијата ги уапсила двајцата мажи кои го навредувале Џејми Фокс.

Иако доживеал непријатности во Дубровник, глумецот, сепак, ги пофалил убавините на овој град.

 

 

Поврзани содржини