ИЏЕ И КИРЕ ИМ ГИ ПРЕДАДОА КЛУЧЕВИТЕ Дарко Калин и Дејан Трајкоски ќе возат „мерцедеси“ благодарение на 2win.mk
Бренд амбасадорите на Видеолотарија Касинос Австрија, Игор Стефановски Иџе и Кире Лазаров, им ги доделија клучевите на најсреќните играчи од наградната игра „ЕСЕНСКА ТУРА ЗА 2WIN АВАНТУРА “ на 2win.mk.
Во саботата, на 02.12.2023 во одлична атмосфера, беше реализирана дополнителната игра „СРЕЌНО ТРКАЛО“ која ги донесе најсреќните добитници од наградната игра „ЕСЕНСКА ТУРА ЗА 2WIN АВАНТУРА “ на 2win.mk. Дарко Калин и Дејан Трајкоски, ја освоија најпосакуваната награда, и двајцата добија Мерцедес Benz E220D, секој во својата категорија.
Бренд амбасадорите на Видеолотарија Касинос Австрија, Игор Стефановски Иџе и Кире Лазаров, им ги доделија клучевите на најсреќните играчи од наградната игра „ЕСЕНСКА ТУРА ЗА 2WIN АВАНТУРА “ на 2win.mk.
„Со ова е комплетиран списокот на наградените од третото коло од наградната игра, како и на добитниците на главните награди. Дарко Калин го освои автомобилот Мерцедес во категоријата Видеолотарија, а Дејан Трајковски во категоријата во спортско обложување. Наградната игра беше со богат фонд на награди, парични и стокови во збирен износ од фантастични 15 049 739 денари. Во рамките на наградната игра, се доделија вкупно 230 награди, од нив, 26 се стокови, а 204 се парични награди“, наведено е во соопштението.