„И ДВАЈЦАТА НЕКА ПРОГЛАСАТ ПОБЕДА, ДОСТА Е ОД ПРОЛЕАНА КРВ“ Што напиша Трамп по средбата со Зеленски во Белата куќа?

Доста е пролеана крв, границите веќе се исцртани со војна и со храброст. Треба да застанат таму каде што се. Нека прогласат победа и дваjцата лидери, нека пресуди историјата!, напиша шефот на САД по средбата со украинскиот лидер.

1,236

По средбата со украинскиот претседател Володимир Зеленски во Белата куќа, поранешниот американски претседател Доналд Трамп напиша на својата социјална мрежа Truth Social:

„Му реков, исто како што силно му предложив и на претседателот Путин, дека време е да престане убивањето и да се направи договор! Доста е пролеана крв, границите веќе се исцртани со војна и со храброст. Треба да застанат таму каде што се. Нека прогласат победа и дваjцата лидери, нека пресуди историјата!“.






Фото: Принтскрин

Зеленски отпатува во Вашингтон за да ја обезбеди поддршката на САД и да побара дозвола за употреба на американски крстосувачки ракети „Томахавк“. Трамп, сепак, изрази воздржаност, предупредувајќи дека испораката на вакво оружје може да ја прошири војната и да ја вклучи Америка подлабоко во конфликтот.

Според „Ројтерс“ и „Вашингтон пост“, разговорот бил долг и, според очевидци, студен, а Зеленски заминал без конкретна одлука за ракетите, но со ветување дека Трамп ќе продолжи да посредува меѓу Киев и Москва.

Во медиумите внимание привлече и вратоврската на американскиот секретар за одбрана Пит Хегсет, која била во боите бела, сина и црвена — идентични на руската тробојка. Едно од толкувањата е и дека тоа се и боите на американското знаме.

Поврзани содржини