И ДО 1000 КМ НА ЧАС ВО ЦЕВКА Влезете внатре во хипер-возот на „Virgin“ (ВИДЕО)

Што е различно од hyperloop-от на Маск? Освен што хипервозот на Бренсон ќе достигнува неверојатни 1050 км/час, споредени со 800 км/час на Маск, тој ќе биде поделен на мали вагони. Ова дава повеќе предности. Една од нив е дека разните вагони ќе можат да се откачуваат од целата колона и да вртат лево или десно по други цевки.

1,181

Додека Илон Маск е зафатен со секојдневните проблеми што настануваат со неговата „Тесла“, неговиот соперник во вселенската трка, милијардерот Ричард Бренсон, објави дека до 2027 година ќе го пушти во погон својот хипер-воз и ќе победи во трката на копно, јавува Interesting Engineering.

Новиот дизајн и внатрешност на Бренсоновиот „Virgin Hyperloop“, кој е одговор на хипер-возот на компанијата „Тесла“ беа презентирани во следното видео.






Што е различно од hyperloop-от на Маск? Освен што хипервозот на Бренсон ќе достигнува неверојатни 1050 км/час, споредени со 800 км/час на Маск, тој ќе биде поделен на мали вагони. Ова дава повеќе предности. Една од нив е дека разните вагони ќе можат да се откачуваат од целата колона и да вртат лево или десно по други цевки.

Друга предност на Бренсоновото хипер-метро е дека системот на Бренсон ќе биде 10 пати поефикасен во лебдењето врз магнетните шини од најбрзиот воз во светот – Маглев – кој веќе вози со неверојатни 600 км/час. Тој е и поеколошки систем од, да речеме, возењето со авион или автомобил. Работи на електрични батерии.

Би можеле ли да замислиме од Скопје до Љубљана да стигнеме за приближно еден час во цевка под земја? Или, можеби таа ќе биде над земјата, како што прикажува видеото?

Ако се земе дека досегашните обиди да се ископаат вакви големи тунели наидуваат на големи пречки, можеби одговорот е цевката да биде над земја. Уште пред повеќе од 150 години, во 1848 година пробано е да се направи тунел меѓу градовите Ексетер и Плимут во Англија, но притисокот од карпите бил преголем за цевката да опстане. Потоа, во 2012, кога Илон Маск предложи тунел меѓу Сан Франциско и Лос Анџелес, не успеа да најде поддршка од владата.

Па, би чекале ли до 2027 година? Лани Бренсон со двајца директори на компанијата успешно го тестираа својот хипер-воз, а после тестот, добија како да ги преуредат магнетните шини, и да го поделат на лесни вагони.

Поврзани содржини