„И ДИМЧЕ НЕ Е ТОА ШТО БЕШЕ“ Лидерот на Левица плука по Европа, а живее со европски пари, обвини Лефков
Не можеш да ја плукаш Европа да кажуваш приказни за имеријалистички сили, а да живееш од европски пари. Не можеш да проповедаш морал, а да бидеш шеф на троловско подземје што фабрикува лаги за политички противници, порача Миле Лефков од ВМРО-ДПМНЕ.
И Димче не е тоа што беше! Разбирам дека вистината боли, па затоа Апасиев наместо да одговори на фактите – бега во навреди, истакна Миле Лефков од ВМРО-ДПМНЕ.
– Суштината е јасна: не може да си политичар кој јавно е против ЕУ, кој секојдневно зборува дека ‘глобалистите и амбасадите’ ја корумпираат македонската политика, да држиш анти ЕУ став, а истовремено твојата најблиска фамилија да користи европски пари од Еразмус програмите. Јас сум член на Комисијата за европски прашања и цел претходен мандат активно се спротивставував на злоупотребите на СДСМ и ДУИ со европските фондови. Ама сега ми е јасно зошто еден цел мандат додека Таљо преку Арбер ја злоупотребуваше комисијата Димче го немаше на ниту една комисија-во тоа време активно си користеле ЕУ финансии по дома! Денес по веста за ЕУ финансирањето, со цел да ме омаловажи, самопрогласениот Енвер Хоџа на интернет подземјето, ја мобилизираше својата троловска армија со лаги и клевети. Но вистината е една – разобличен е до даска – истакна Лефков.
И нема лутење, додаде тој, јавноста има право да праша:
– Кој му го среди станот по цена што обичен граѓанин никогаш не може да ја добие?
– Кој му ги плаќа одморите низ Европа додека глуми анти-ЕУ револуционер?
– Кој друг, освен тој и Артан Груби, успеа да добие дуќан по таква цена во центар?
Такви двојни стандарди не се политика – тоа е лицемерие на квадрат, обвини Лефков.
– Не можеш да ја плукаш Европа да кажуваш приказни за имеријалистички сили, а да живееш од европски пари. Не можеш да проповедаш морал, а да бидеш шеф на троловско подземје што фабрикува лаги за политички противници. Разобличен си лажго кој нарачува најдолни клевети ама нема лутење, толку ти е силна желбата да ме наклеветиш што изгледаш очајно, порано беше по креативен, те расипаа квадратите деловен простор и кешот другар!