И ДЕНЕСКА ПРОЛЕТНИ ТЕМПЕРАТУРИ Од четврток дожд
Метеоролозите за претпладнево најавуваат појава на значителна ниска облачност, а преку денот ќе биде сончево со мала до умерена облачност.
Времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Претпладне по одделни котлини ќе има појава на магла или значителна ниска облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од западен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 3, а максималната ќе достигне од 12 до 17 степени.
Во Скопје претпладне со појава на значителна ниска облачност, преку денот сончево со мала до умерена облачност. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне 13 степени.
Најмногу снег утринава има на Попова Шапка, каде се измерени 27 сантиметри, а потоа во Маврови Анови – 9 сантиметри. Најстудено утрово било во Битола и во Берово со измерени минус 3 степени Целзиусови и во Скопје-Петровец, Тетово, Струмица и Демир Капија со измерени минус 2 степени. Во Куманово и во Дебар измерен е минус 1 степен. Најтопло било на Попова Шапка, каде се измерени 5 степени Целзиусови.
Во следните денови ќе се задржи стабилно и релативно топло време, претпладне со значителна облачност и магла по одделни котлини и речни долини. Локални врнежи од дожд ќе има во четврток.