И ДЕНЕСКА НЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА „МАКЕКСПРЕС“ Приватникот нема средства, бара средба со Арсовска поради долгот

Компанијата вели дека тоа е поради доспеаниот долг од Град Скопје и од ЈСП за претходните три месеци кој изнесува над половина милион евра.

225

Приватниот автобуски превозник „Макекспрес“ веќе втор ден не сообраќаи по редовните линии оти нема средства за да продолжи со работа, јавува Телма. Компанијата вели дека тоа е поради доспеаниот долг од Град Скопје и од ЈСП за претходните три месеци кој изнесува над половина милион евра. „Макекспрес“ бара средба со градоначалничката Данела Арсовска и со раководството на ЈСП.

Сѐ дури не се најде решение нивните автобуси ќе останат паркирани.






Во меѓувреме, пред Град Скопје уште виси проблемот со директорот на „Водовод и канализација“, Митовски, кој Синдикатот очекува Арсовска да го разреши. Денеска Синдикатот донесе одлука да го стави штрајкот во мирување десет работни дена додека да потрае процесот на медијација. Вработените редовно ќе ги извршуваат обврските.

Поврзани содржини