И ДЕНЕСКА ЌЕ БИДЕ ТОПЛО, АМА ЌЕ СЕ ДИШЕ Температурата конечно паѓа под 30 степени
Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со засилен ветер од северозападен правец, соопшти УХМР.
Денеска во утринските часови времето ќе биде променливо облачно, во западните делови со локален дожд, соопшти УХМР.
„Преку денот насекаде сончево со мала до умерена облачност, ветровито и значително посвежо. Ќе дува засилен ветер од северозападен правец, особено изразен долж Повардарието и во источните делови (на повеќе места со брзина над 60 км/час). Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со засилен ветер од северозападен правец“, соопшти УХМР.