И ДЕНЕСКА ЌЕ БИДЕ ПЕКОЛНО ЖЕШКО Викендов ќе паднат температурите

Синоптичарите за утре најавуваат сончево и топло време со слаб до умерен ветер од променлив правец.

348

До крајот на денов ќе биде сончево и топло со слаб до умерен ветер претежно од северен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 30 до 38 степени. УВ индексот ќе биде 8.

Времето во Скопје сончево и топло со слаб ветер од променлив правец. Температурата ќе биде до 38 степени.






Синоптичарите најавуваат сончево и топло време со слаб до умерен ветер од променлив правец.

– Во петок и во деновите од викендот во попладневните часови наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, а локално ќе има услови за појава на невреме со силен ветер и град. За време на викендот ќе дува умерен до засилен северен ветер и дневната температура ќе опадне за неколку степени – велат од УХМР.

Поврзани содржини