И денес Историјата е учителка на животот

Не можам да се изначудам на тајмингот што власта го одбрала за укинување на предметот Историја.Денес, кога на Македонците им се оспорува историјата, односно им се забранува да ја имаат! Да излезеш денес со таква мерка значи дека си или бескрајно арогантен или си уплашен дека деновите ти се одбројани и нема да можеш да го испорачаш она што некаде си го ветил.

4,931

Повозрасните граѓани веројатно ја паметат катастрофалната реформа во образованието во СФРЈ скроена од Стипе Шувар, еден од идеолозите на СКЈ. Тогаш се роди терминот „шуварица”. Тој беше наумил да го впрегне образованието кое требаше да произведува самоуправувачи за потребите на стопанството, пред се производството. Гимназиите му беа трн во окото. Интелектуалците го нервираа со нивната критички ставови.

Читам дека во денешна Македонија има лекари кои не знаат латински. Мртов јазик, нели? Не знам како е со правниците, но и во правото, не само Римското право, без познавање на латинскиот не се може.
Не можам да се изначудам на тајмингот што власта го одбрала за укинување на предметот Историја. Денес, кога на Македонците им се оспорува историјата, односно им се забранува да ја имаат! Да излезеш денес со таква мерка значи дека си или бескрајно арогантен или си уплашен дека деновите ти се одбројани и нема да можеш да го испорачаш она што некаде си го ветил.






Министерката вели дека ќе се угледаме на моделот на Финска, земја позната по квалитетното образование. Не мислам дека Финска преку ноќ го вовела тој модел, како што наумиле нашиве. Реформата мора да почне од педагошките факултети кои ќе треба да испорачаат наставен кадар кој ќе предава според новите курикулуми. За затекнатите наставници ќе треба соодветна дообука. Вака, преку ноќ, потегот мириса на недоквакано, но опасно политиканство во танцот со ЕУ.

Иделогијата на нашата денешна власт очигледно е сведена на лошо камуфлиран меркантилизам. Само така може да се објасни итната собраниска постапка за законот со кој ќе се зголеми бројот на државјани, односно бројот на гласачите. Очигледно, во Собранието, односно во партиските кулоари, се тргуваи на ситно и на ангро.

Државата исчезнува од ден на ден на тој пазар на ненаситноста.

Поврзани содржини