Mинистерот за здравство Венко Филипче најави дека ќе се дозволи вакцинирање на деца од 12 до 16 годишна возраст со вакцината на Фајзер.
– Покрај најавата дека од понеделник започнува теренската вакцинација ве информирам дека ќе се дозволи и вакцинирање на деца од 12 до 16 години со вакцината на Фајзер којашто во овој момент е единствена вакцина која е дозволена да се користи за деца – изјави министерот Филипче.