„И ДА ВРНЕ И ДА ВЕЕ И БУРА ДА КОСИ, ПОШТАР ЛИЧНИ КАРТИ НОСИ“ Европскиот сојуз за промени има идеја како да се скратат долгите редици за вадење лични документи

Саранда Имери, претставничка на Европскиот сојуз за промени, посочи дека на Албанците во земјава и покрај Законот за употреба на албанскиот јазик не им било дозволено да извадат пасош на албански јазик, и како што рече, албанските граѓаните кои мора да патуваат во странство биле должни да извадат пасош на македонски јазик.

1,427

Коалицијата на албанскиот опозициски блок Европски сојуз за промени денеска побара Mинистерството за внатрешни работи (МВР) во соработка со Пошта на Македонија да ги доставува личните документи до домовите на граѓаните за да се елиминираат долгите редици за вадење на документите.

Саранда Имери, претставничка на Европскиот сојуз за промени, посочи дека на Албанците во земјава и покрај Законот за употреба на албанскиот јазик не им било дозволено да извадат пасош на албански јазик, и како што рече, албанските граѓаните кои мора да патуваат во странство биле должни да извадат пасош на македонски јазик.






– Оваа корумпирана влада нѐ враќа во времето на комунизмот кога на Албанците им беше скратено секое право. За жал албанските граѓани кои мора да патуваат во странство се должни да извадат пасош на македонски јазик. Овие редици не се случајни, ова се прави така што албанскиот граѓанин треба да повика некој да интервенира и на тој начин Владата да го услови за уште еден глас – рече Имери.

Поврзани содржини