И ДА СТЕ ПРЕЛЕЖАЛЕ ПАК ВИ ТРЕБА ВАКЦИНА Еве зошто „боцкањето“ е најдобрата заштита од корона
Ако веќе морате да бирате, боцнете се барем еднаш иако сте ја прележале короната. Студија објавена во Science од 25 јуни вели дека дури и една доза од mRNA вакцина може да го зголеми вашиот број за 1.000 пати. Ова важи за сите варијанти, вклучително и за новите делта и гама соеви коишто организмот подобро ќе ги препознае и навреме ќе се заштити ако примил од вакцината.
Вакцината ќе ви даде дополнителен имунитет и заштита, особено против новите варијанти на коронавирусот, иако претходно сте ја прележале оваа болест, велат сите најнови истражувања во светот. Без разлика што антителата од прележаниот вирус знаат да останат во телото и повеќе од осум месеци, вакцината сепак останува најдобрата заштита против ковид-19 и им помага и на прележаните, пишува ScienceNews.
– Ако сте биле изложени на ковид-19 порано, немојте да мислите дека сте имуни на неговите варијанти – вели Бенџамин Оливере, хирург кој го истражува вирусот ковид на Универзитетот во Нотингем во Англија – Вакцинирајте се.
Во Америка на пример, лекарите им препорачуваат на луѓето да се вакцинираат без разлика дали и кога го прележале вирусот. Делта-сојот, кој е моментално најраспространет, се шири и кај вакцинираните луѓе. А, веројатно најзаштитени во моментов се луѓето кои и прележале корона и добиле уште две дози од вакцина против вирусот.
Прележаното е како една доза, но потребни ви се две!
Една доза е доволна за имунитетот да биде примарно заштитен од болеста, предлагаат студиите, но две дози секогаш ќе ве заштитат подобро. Ако веќе сте го прележале вирусот, тогаш тоа е како една доза, па при првата доза од вакцината, вие сте заштитени како со две.
Ова беше потврдено за mRNA вакцините на Фајзер и Модерна, а го објавија истражувачите на 6 август во списанието ЈАМА на Американската медицинска асоцијација. Три дена претходно, во Cell Reports беа објавени слични поддржувчки факти. Вакцината им помага и на самите антитела, на протеините кои прават да се спречи имунитетот, а помага и да се создадат Т-клетки – тоа се клетки кои го зајакнуваат имунитетот при наш повторен контакт или зараза со вирусот.
Без вакцина имате двапати поголема шанса повторно да се заразите!
Но, во тој случај, кому му требаат две дози вакцина, ако може „да помине“ само „со прележано“? Па, нова студија предводена од американскиот Центар за контрола и превенција од болест вели дека неопходни ви се две дози на вакцина за повторно да не се заразите со коронавирусот.
Во студијата, објавена исто така на 6 август, жители од Кентаки, кои имале прележано коронавирус, но не биле вакцинирани, имале дури двапати поголема шанса повторно да се заразат. Кај оние кои добиле една доза од вакцината, шансата да се заразат била 1,5 пати повеќе од целосно вакцинираните.
И едно боцкање е вредно
Ако веќе морате да бирате, боцнете се барем еднаш иако сте ја прележале короната. Студија објавена во Science од 25 јуни вели дека дури и една доза од mRNA вакцина може да го зголеми вашиот број за 1.000 пати. Ова важи за сите варијанти, вклучително и за новите делта и гама соеви коишто организмот подобро ќе ги препознае и навреме ќе се заштити ако примил од вакцината.
Вакцините за корона дури функционираат и на луѓе кои имале САРС вирус, од големата пандемија со САРС во Кина од 2003 и 2004 година. Ова беше објавено во New England Journal of Medicine пред два дена (на 18 август).
Колку време треба да помине меѓу двете дози на вакцината?
Иако секој производител даде сопствен рок или период меѓу двете боцкања со вакцината, неодамнешна студија во Science Translational Medicine, сугерира дека ако периодот меѓу дозите е поголем имунитетот се зголемува. Експеримент врз работници од Велика Британија кои што наместо стандардните две недели, ги примиле двете дози на растојание од 12 недели, покажале дека тие развиле антитела кои можат да штитат од повеќе варијанти на корона, вклучувајќи ја и бета-варијантата.
Но, што е со делта-варијантата? Очекувањата се слични. Истражување врз работници од Франција кои претходно биле заразени, а потоа вакцинирани со две дози, покажало дека нивните антитела ја препознаваат и делта-варијантата. Ова беше објавено во „Природа“ на 12 август годинава.
Вакцината ќе се бори со сите нови мутации кои можат да се појават
Вакцината е наша единствена надеж дека нашите антитела ќе можат да ги препознаат сите нови мутации на коронавирусот кои ќе се појавуваат во иднината. Ова го потврдија повеќе студии. Во една од нив, објавена на 8 август на сајтот bioRxiv.org, човек што прележал корона, а потоа бил целосно вакциниран развил антитела кои можеле да препознаат мутација на корона која имала дури 20 промени во основниот протеин на вирусот.
Тогаш, какви ќе бидат новите мутации на короната, и дали ќе им требаат повеќе од 20 промени во протеинот за да го излажат и заразат организмот? Научниците уште истражуваат. Тоа што е сигурно, е дека луѓето кои не биле вакцинирани, би можеле многу полесно да бидат заразени од новите мутации на коронавирусот.
Не е ни чудо вакцинирањето против корона да стане редовна процедура која би се вршела еднаш годишно кај сите граѓани, во согласност со тоа како научниците ќе ги доусовршуваат сегашните вакцини и ќе ги истражуваат новите видови и мутации на вирусот.