И ДА СЕ ПРОДЛАБОЧИ И ДА СЕ ПРОШИРИ! Еве како Пендаровски ја сфаќа идејата на Макрон за „Европа со повеќе брзини“

Пендаровски укажа дека претседателот на Франција во ниту една своја изјава не рекол дека Западен Балкан не треба да биде дел од Унијата.

485

Тоа е неговата стара идеја за продлабочување пред проширување или продлабочување заедно со проширување – изјави денеска во Охрид претседателот Стево Пендаровски на прашањето како ја коментира изјавата на францускиот претседател Емануел Макрон за „Европа во повеќе брзини“.

Пендаровски укажа дека Макрон во ниту една своја изјава не рекол дека Западен Балкан не треба да биде дел од Унијата.






– Макрон на почетокот на својот говор, специфично во делот каде што зборува за внатрешно преуредување на ЕУ вели: ова што ви го кажувам сега ви го кажав и пред пет години’. Тоа е неговата стара идеја за продлабочување пред проширување или продлабочување заедно со проширување. Во меѓувреме нема ниту една изјава на претседателот на Макрон во која вели дека Западниот Балкан, додека не го направиме продлабочувањето, не треба да влезе. Знаете дека Франција беше спонзор за европската преговарачка рамка којашто ја усвоивме лани. Дека е тоа така потврдуваат и зборовите на министерката за Европа во администрацијата на Макрон. Се потврдија и зборовите на Шарл Мишел, кој е највисок политички пријател на Макрон. Секоја голема идеја во Европа што Макрон ја промовира, Шарл Мишел ја прифаќа – рече Пендаровски.

Според Пендаровски, без внатрешни опструкции какви што гледаме од македонската опозиција, можно е да влеземе во Европската Унија и пред 2030 година. Во насока на тоа се и зборовите на министерката за Европа во администрацијата на францускиот претседател Макрон, која рече дека може некоја од земјите на Западен Балкан да влезе и пред 2030 година.

Поврзани содржини