И ЦЕНТАР ЗА МОДЕРНИ ТАНЦИ БИЛ НА СПИСОКОТ ЗА ДОНАЦИИ НА МЕПСО Каков јавен интерес имала таа донација, прашува Митева

Kоја е дејноста од јавен интерес што АД МЕПСО ја спонзорирал преку Здружението на граѓани за промоција 22 Нентор, преку СЕСОН, преку Центарот за модерни и спортски танци „Прима данца“, боречкиот клуб „Тефејуз“ Скопје..., прашува Митева.

222

Донациите и спонзорствата на АД МЕПСО се сомнителни по неколку параметри, зашто за 2024 година биле предвидени 12,3 милиони денари, а раководството потрошило 22.712.500 денари, изјави денеска пратеничката и портпаролка на ВМРО-ДПМНЕ Марија Митева.

– Согласно членот 11 од Законот за донации и спонзорства во јавните дејности е утврдено дека преку целта на донацијата треба да се утврди, оствари, промовира или поддржи дејност од јавен интерес. Па оттука прашуваме, која е дејноста од јавен интерес што АД МЕПСО ја спонзорирал преку Здружението на граѓани за промоција 22 Нентор кое во февруари годинава добило 120.000 денари. За дел од примателите на донациите, како на пример СЕСОН кое добило 300.000 денари и ОФ на Македонија кое добило 1.000.000 денари не може да се најдат подетални податоци. Понатаму, на Центарот за модерни и спортски танци „Прима данца“ биле доделени 300.000 денари во април оваа година. На Боречки клуб „Тефејуз“ Скопје биле доделени 300.000 денари – додаде Митева.






Според неа, листата на донации и спонзорства е долга и голема.

– Затоа прашуваме дали согласно член 19 од Законот за донации и спонзорства се изготвени извештаи помеѓу давателот и примателот на донацијата кои се должни тоа да го направат? Дали врз основа на тие извештаи може да се утврди целта на донацијата и импактот кој истата го имала врз јавноста? – праша таа.

 

Поврзани содржини