И Бугарија ќе испрати противпожарни единици 

664

Претседателот Стево Пендаровски на својот Фејсбук објави дека доцна вечерва имал телефонски разговор со претседателот на Бугарија Румен Радев на кој било договорено во најкус можен рок, Бугарија да испрати противжорани единици во нашата земја.

– Доцна вечерва имав телефонски разговор со претседателот на Бугарија, Румен Радев. Договорено е во најкус можен рок, Бугарија да испрати противпожарни единици кои ќе помогнат на нашите екипи во гасење на пожарите – напиша Пендаровски на ФБ.

Поврзани содржини