И Борис Џонсон закачи коронавирус (ВИДЕО)

715

Британскиот премиер Борис Џонсон е позитивен на коронавирусот. Тој развил умерени симптоми во последните 24 часа, имал температура и кашлица.

Изолиран е, но како што вели ќе продолжи да ја води владата преку видео-конференции додека државата се бори со вирусот.






– Работам од дома, самоизолиран сум и тоа е вистинското нешто што може да се направи – вели 55-годишниот премиер во видеото што го објави на Твитер.

– Но, немајте сомнежи дека благодарение на модерната технологија можам да комуницирам со сите во мојот тим и да ја водам националната битка против коронавирусот – додаде тој.

Поврзани содржини