Милијардерот Бил Гејтс се обвинил себеси за разводот од сопругата Мелинда, како што пренесува „Њујоркпост“, цитирајќи ги зборовите на неименувата учесничка на годишната конференција „Ален и Ко“, позната како „летен камп за милијардерите“.
Коосновачот на компанијата „Мајкрософт“ наводно тоа го направил во текот на делот на „прашања-одговори“ на конференцијата која се одржала во американското одморалиште Сан Вали.
Според зборовите на еден од присутните, Гејтс признал дека „ја зафркнал работата“ мислејќи на тоа дека самиот тој е виновен за разводот од сопругата Мелинда.
– Беше емотивен во врска со тоа. Речиси на раб на солзи – тврди изворот, и додал дека Гејтс не го користел зборот „афера“ кога зборувал за разводот.
Друг учесник изјавил дека неговата исповед била многу трогателна, додека, пак, трето лице го критикувал милијардерот поради одбивањето на комуникацијата со другите учесници на конференцијата. Наводно, Гејтс во текот на настанот делувал „вознемирено“.
Инаку, Марк Сузман, извршен директор на фондацијата Бил и Мелинда Гејтс, најавил план за вонредни состојби „за да се обезбеди континуитетот на работата на фондацијата“, и тоа само два месеци откако Гејтс и неговата сопруга објавија дека планираат да се разведат, меѓутоа ветувајќи, дека ќе продолжат да работат заедно во нивната хуманитарна фондација.
– Ако по две години кој било од нив двајца одлучи дека не може да продолжи со заедничката работа на чело на фондацијата, Мелинда Гејтс ќе поднесе оставка на местото копретседател и доверител – објаснил Сузман.
Извршниот директор исто така изјавил дека доколку има такво сценарио, коосновачот на „Мајкрософт“ ќе остане на чело на Фондацијата и, во суштина, би можел да ја „откупи“ поранешната сопруга од фондацијата.