И БЕСА БИЛА ПРИСЛУШКУВАНА КАКО ПАРТИЈА Касами повикува институциите еднаш засекогаш да ја решат оваа состојба

Имаше чувство дека некој нè следи, затоа што во некои моменти излегуваа информации кои не беа дел од јавноста, рече денеска претседателот на парртијата Беса и градоначалник на Тетово, Биљал Касами, одговарајќи на новинарско прашање во врска со скандалот со прислушкувањето.

268

Кога бевме во опозиција имавме дојави дека и нас нè прислушкуваат како партија, рече денеска претседателот на парртијата Беса и градоначалник на Тетово, Биљал Касами.

– Имаше чувство дека некој нè следи, затоа што во некои моменти излегуваа информации кои не беа дел од јавноста. Повикуваме сите институции да делуваат во овој случај, без разлика за кој станува збор, затоа што ако до вчера се прислушуваа експоненти на опозицијата, тоа може да им се случи денеска исто така на експонентите кои до вчера беа дел од власта. Институциите треба да делуваат, за да се запре еднаш засекогаш оваа состојба, рече Касами, одговарајќи на новинарско прашање во врска со скандалот со прислушкувањето.






Тој потенцирае и дека на овие локални избори има тенденции да се навлезе во реториката на ДУИ, за да се покренат теми кои се од меѓуетничкиот дискурс.

– Повикувам сите експоненти да се вратат на локалните избори, да се вратат на локалните теми, се работи за проблеми кои се од реалниот живот на граѓаните. На локалните избори треба да понудимерешенија и реализација на проекти кои ги решаваат проблемите на сите граѓани – рече Касами.

Кога ќе дојдат парламентарните избори, тогаш ќе зборуваме за национални теми, додаде Касами.

Поврзани содржини