И БЕЛОРУСИЈА ЈА НАПАДНА УКРАИНА? 20 проектили лансирани од белоруска територија
Во период од еден час, согласно информациите од белоруски извори, од Белорусија се лансирани 20 проектили. За сега имаме потврда дека девет од нив погодиле цели во реоните Хончарив и Черних, објавија од украинската војска.
Украинските власти соопштија дека на територијата на нивната земја се погодени цели со употреба на проектили, испалени од Белорусија.
Украинските информации се поткрепени со извори од Белорусија.
– Во период од еден час, согласно информациите од белоруски извори, од Белорусија се лансирани 20 проектили. За сега имаме потврда дека девет од нив погодиле цели во реоните Хончарив и Черних – објавија од украинската војска.
Во извештајот на војската се вели и дека засега нема информации за жртви и причинета материјална штета.