И АВИОНОТ НА БУЈАР ОСМАНИ ВО 2023 ГОДИНА ИЗГУБИЛ СИГНАЛ НАД БУГАРИЈА Пилотите и тогаш морале да листаат печатени мапи за безбедно да слетаат

Авионот на Османи, како и во случајот со Урсула фон дер Лајен, целосно го изгубил ГПС-сигналот додека прелетувал низ бугарскиот воздушен простор.

398

Албанскиот портал Јавањуз објави дека инцидентот со авионот на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, кој принудно слета во Пловдив поради губење на ГПС-сигналот, не бил единствен случај на ваков тип.

Според порталот, идентичен инцидент се случил и во февруари 2023 година со службениот авион на Бујар Османи, поранешен министер за надворешни работи на Северна Македонија и тогашен претседавач со ОБСЕ.






Авионот на Османи, како и во случајот со Урсула фон дер Лајен, целосно го изгубил ГПС-сигналот додека прелетувал низ бугарскиот воздушен простор.

Пилотите биле принудени да користат рачни системи за навигација и печатени мапи, следејќи протоколи за итни ситуации слични на оние користени при слетувањето на авионот на претседателката на ЕК.

ДРАМА ПО РУСКИ РЕЦЕПТ СЕ СЛУЧИЛА ПРЕД ФОН ДЕР ЛАЈЕН ДА СЛЕТА ВО ПЛОВДИВ? Сигналот мистериозно исчезнал, пилотите се снаоѓале со хартиени мапи

Поврзани содржини