И астронаутите будно ја следат Олимпијадата во Токио! (ФОТО)
Се чини дека пријателската атмосфера во Меѓународната вселенска станица вистински го одразува олимпискиот дух.
Тројцата Американци, двајцата Руси и едниот Французин кои во моментов лебдат во Меѓународната вселенска станица чекале пет години да започне Олимпијадата во Токио за да постават знамиња од своите земји по станицата, јавува Спејс. Веројатно и на нивниот командант, Јапонецот Акихико Хошиде, му е доста интересно.
Видете го купот од знамиња кој го објави францускиот астронаут Томас Пескет. Меѓу нив е и македонското:
View this post on Instagram
Астронаутите пробале и самите да играат „вселенски спортови“, но тие биле некаде „помеѓу синхронизирано пловење или недоволна рутина за лебдење до многу големи скокови во далечина и играње на топка без раце“, сликовито опишува Пескет на својот инстаграм-профил.
„За кохезија на екипажот, воспоставивме пријателско натпреварување помеѓу тимот на Сојуз и тимот Драгон. Со спортови специфични за вселената, имајте предвид”, се шегува Пескет.
Се чини дека пријателската атмосфера во Меѓународната вселенска станица вистински го одразува олимпискиот дух. Што мислите вие?
Видете го Русинот Олег Новицкиј како го држи руското знаме и го гледа отворањето на Олимпијадата:
View this post on Instagram
View this post on Instagram