И ЈАС СЕ СРАМАМ ПОРАДИ ТОА ШТО ТАКВИ „ПРЕЛЕТАЧИ“ МЕ ГЛАСАЛЕ Пендаровски му возврати на Димитриевски
Шефот на државата појасни дека на прашањето на полската новинарка „што значи отворањето на преговорите?“, одговорил со зборовите: „тоа не е добро само за Северна Македонија и народот што живее таму, туку е добро и за целиот регион“.
Со тој човек никогаш не сме биле сопартици, јас не сум член на политичка партија. И да сум бил со тој човек во иста партија би ми било минус во животот, рече претседателот Стево Пендаровски во Тема на денот на ТВ Сител во врска со изјавата на градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски, кој вчера истакна дека се срами од самиот себеси поради тоа што водел кампања за Пендаровски да победи на претседателските избори.
Шефот на државата појасни дека на прашањето на полската новинарка „што значи отворањето на преговорите?“, одговорил со зборовите: „тоа не е добро само за Северна Македонија и народот што живее таму, туку е добро и за целиот регион“.
– Разочаран сум поради тоа што оваа реакција доаѓа од човек кој гласал за Преспанскиот договор. Излезе дека тој е поголем вмровец од вмровците и навистина се срамам што такви политички „прелетачи“ воопшто ме гласале некогаш – рече Пендаровски.