И ЈАС ГЛАСАВ КОНТРА ПАРТИЈАТА Реџепи вели оти ќе се најдат пратеници од ВМРО-ДПМНЕ да гласаат за уставните измени

Мислам дека секогаш ќе има совесни пратеници да го искористат уставно загарантираното право да гласаат по сопствено убедување, иако не би било во линија со партијата, вели Реџепи.

461

Независниот пратеник Кастриот Реџепи, кој беше исклучен од Беса откако пред точно една година ја спаси владата на СДСМ и ДУИ, отсуствувајќи од собраниската седница за изгласување на недоверба, во интервју за  „Фокус“ вели дека ќе се обезбеди двотретинско мнозинство за уставни промени, неопходно за отворање на преговарачките поглавја со ЕУ.

– Верувам во тоа, зашто сам сум гласал против позицијата на политичката партија, иако немаше одлука на органите. Гласав различно од партијата. Исто така, мислам дека секогаш ќе има совесни пратеници да го искористат уставно загарантираното право да гласаат по сопствено убедување, иако не би било во линија со партијата – вели Реџепи.

 

 

 

Поврзани содржини