И АРБЕН ФЕТАИ ГО НАПУШТА БРОДОТ НА ТАРАВАРИ Не смее да се дозволи ДУИ да се врати како ништо да не се случило

ДУИ мора да се соочи со вистините што ги избегнуваше две децении. Ова не е борба за поединец, ова е борба за достоинството на сите нас, порача заменик-претседателот на Владата задолжен за добро владеење и висок функционер на Алијансата за Албанците.

672

Уште една оставка во најава во Алијанса за Албанците на Арбен Таравари откако пратеникот Салим Сулејмани јавно се откажа од функциите во партијата и од пратеничкото место во Собранието.

Арбен Фетаи, висок функционер во партијата и заменик-претседател на Владата задолжен за добро владеење, со емотивна порака им се обрати на членовите, симпатизерите и поддржувачите на партијата, нагласувајќи дека оваа политичка структура не е само партија, туку чувар на идеал и кауза која никогаш не се предала.






– Вие што ја изградивте оваа Алијанса со труд и посветеност, дури и кога сè беше против нас. Вие што бевте прогонувани поради вашите политички убедувања и не се предадовте повеќе од 20 години. Вие што не дозволивте Алијансата да стане алатка за лични интереси – истакна Фетаи.

Пратеникот Салим Сулејмани ја извести јавноста дека поднесува оставка од сите партиски функции во Алијансата за Албанците(АА), како и од функцијата пратеник во Собранието

Во обраќањето, тој посочи дека се доближува момент на историска одлука и дека членството и гласачите јасно бараат правда, чист пат и достоинствена иднина.

Тој порача дека „не можеме да живееме во минатото, мора да ја изградиме иднината со истрајност и достоинство„ и додаде дека не смее да се дозволи враќање на Демократската унија за интеграција (ДУИ) „како ништо да не се случило“.

– ДУИ мора да се соочи со вистините што ги избегнуваше две децении. Ова не е борба за поединец, ова е борба за достоинството на сите нас – рече тој.

Фетаи порача дека неговиот глас е гласот на членовите и на сите оние што не се предаваат и не се продаваат:

– Ние сме гласот на патот на Арбр. А тој пат никогаш не минува преку Али Ахмети или преку некој што не ѝ го посакува доброто на нашата заедница.

Обраќањето заврши со порака за гордост, истрајност и непокорност:

– Ви благодарам на сите. И останете горди.

Поврзани содржини