И Англија е полуфиналист, ја победи Украина со 4:0

208

Фудбалерите на Англија ќе играат во полуфиналето на Европското првенство 2020, откако вечерва во последното четвртфинале ја победија Украина со убедливи 4:0.

На средбата одиграна во Рим, двоен стрелец беше напаѓачот на Тотенхем, Хари Кејн, кој погоди во 4. и 50. минута. По еден гол постигнаа дефанзивецот на Манчестер јунајтед, Хари Мегваер и играчот за врска на Ливерпул, Џордан Хендерсон.

Украина го заврши настапот на турнирот, а репрезентацијата на Англија во полуфиналето ќе игра со Данска на 7 јуни.

Во другото полуфинале ќе се соочат Италија и Шпанија.

Англија на претходните четири средби ги победи Хрватска и Чешка со по 1:0, со Шкотска одигра 0:0. Во осминафиналето Британците ја совладаа Германија со 2:0. На сите овие натпревари, голот го бранеше Џордан Пикфорд од Евертон.

На последните 10 натпревари на сите турнири, Англија прими само еден гол – во март од Полска (2:1).

 

Поврзани содржини