И АЛТЕРНАТИВА ГО ОДБИ МАРИЧИЌ Не може да има работни групи за уставни измени без да има политички консензус

Од партијата велат дека ако некој сака да ја види Алтернатива како дел од тие дебати, првин треба да понуди реална можност за политички консензус, а како второ на дневен ред да биде нашиот уставен предлог-амандман за борба против корупцијата.

277

За нас не може да има работни групи за составување или подготовка на уставните измени без да има претходно политички консензус помеѓу политичките партии за поддршка на тие измени, преку кои треба да се отвори патот за интеграција на земјата во Европската унија, информира од партијата Алтернатива по поканата на Министерството за правда за учество на работната група за подготвување на уставните измени.

-Освен тоа, Алтернатива не може да седне на иста маса и да дискутира на оваа тема со партии кои уште не се изјасниле за нејзиниот предлог-амандман за борба против политичката корупцијата. Се додека во судството секој ден се соопштува за предмети на политичката корупција кои застаруваат, а владата и другите политички партии молчат за нашиот предлог за уставно санкционирање на незастарувањето на делата поврзани со политичка корупција, ние немe никаква обврска да одговориме на покани за сликање или за глумење дека сме за уставни измени – посочија денеска од партијата.






Оттаму велат дека ако некој сака да ја види Алтернатива како дел од тие дебати, првин треба да понуди реална можност за политички консензус, а како второ на дневен ред да биде нашиот уставен предлог-амандман за борба против корупцијата.

-Тука потсетуваме дека за Алтернатива уставните измени немаат никаква смисла ако Северна Македонија продолжува со разни средства да ја подржи политичката корупција – изјавија од партијата.

 

 

 

Поврзани содржини