И АБРАМОВИЧ ДА ОДИ ПОД САНКЦИИ Американски и европски парламентарци бараат санкции за 7 личности

Писмото е потпишано од копретседателот на Комитетот за европска безбедност и соработка, конгресменот Стив Коен и уште еден член на овој комитет Џон Вилсон, кој објави копија од писмото на својот Твитер. Меѓу потписите се најадоа и  четворица парламентарци од Полска, Литванија, Естонија и Украина.

76

Група парламентарци од САД и Европа испратија писма до американскиот државен секретар Ентони Блинкен и шефот на европската дипломатија, Жозеп Борел, со барање да се воведат санкции против 7 лица кои, според нивното мислење, се вклучени во руската специјална воена операција во Украина.

На списокот на лица против кои пратениците бараат ограничувања се рускиот бизнисмен Роман Абрамович, директорот на „Норникл“ Владимир Потанин, поранешниот пратеник во Државната дума Магомед Гаџиев, блогерката Ксенија Собчак, композиторот Игор Крутој, директорот на „Росатом“ Алексеј Лихачев, како и украинскиот политичар Вадим Рабинович, кој наводно има блиски врски со Виктор Медведчук.






„Ве повикуваме да воведете санкции за  7 лица вклучени во актуелната руска геноцидна војна во Украина. Исто така, повикуваме на континуирани напори за воведување санкции на поединци кои го претставуваат финансискиот, воениот и новинарскиот сектор на Русија кои ја поддржуваат и имаат корист од специјалната операција во Украина“, нагласуваат авторите на писмото.

Писмото е потпишано од копретседателот на Комитетот за европска безбедност и соработка, конгресменот Стив Коен и уште еден член на овој комитет Џон Вилсон, кој објави копија од писмото на својот Твитер. Меѓу потписите се најадоа и  четворица парламентарци од Полска, Литванија, Естонија и Украина.

 

Поврзани содржини