ПОЧНАА ДА ПАЃААТ ОСТАВКИ ВО СРБИЈА Премиерот Вучевиќ повлече нога, по него и градоначалникот на Нови Сад
Српскиот премиер, Милош Вучевиќ, рече дека тој и градоначалникот на Нови Сад, Милан Ѓуриќ, се чувствуваат одговорни за синоќешниот инцидент во Нови Сад кога студенти, кои го блокираа Филозофскиот факултет, соопштија дека биле нападнати при што неколкумина од нив се повредени.
Српскиот премиер, Милош Вучевиќ, во моментов одржува вонредна прес-конференција на која ја соопшти својата „неотповиклива“ одлука да поднесе оставка од функцијата.
Вучевиќ информира дека утрово разговарал со српскиот претседател, Александар Вучиќ, кој ја прифатил неговата одлука.
И градоначалникот на Нови Сад, Милан Ѓуриќ, ќе поднесе оставка, соопшти денеска на прес-конференција српскиот премиер, Милош Вучевиќ.
Вучевиќ рече дека тој и Ѓуриќ се чувствуваат одговорни за синоќешниот инцидент во Нови Сад кога студенти, кои го блокираа Филозофскиот факултет, соопштија дека биле нападнати при што неколкумина од нив се повредени.
„Синоќа околу 3 часот физички беа нападнати студенти во Нови Сад. Една девојка е сериозно повредена, моментално се наоѓа во Клиничкиот центар на Војводина, вилицата е изместена и има повреди по целото тело, има уште неколку ученици со полесни повреди“, се вели во соопштението на студентите.
Вучевиќ изјави и дека останува на функцијата сѐ додека не се избере нов премиер, а дотогаш целата влада ќе биде во оставка и ќе работи во технички мандат.
– Ќе ја работам својата работа додека не се избере нов претседател на Владата. Во овој момент целата влада е во технички мандат, со оставката на премиерот „паѓа“ целиот кабинет, паѓа фигуративно, практично целата Влада е во оставка. Ќе ја вршиме работата професионално и одговорно додека не се избере нова влада или додека не се донесе некоја нова или поинаква политичка одлука – рече тој.
Вучевиќ изјави дека трагедијата во Нови Сад, кога се урна настрешницата на Железничката станица, фрли огромна сенка врз сите достигнувања на владата и оти Србија од тој момент останала заглавена во таа несреќа.
– Она што фрли голема сенка врз минатата година, но секако и врз мандатот на оваа влада, беше трагичниот настан во Нови Сад на 1 ноември 2024 година, голема трагедија – рече Вучевиќ.
Тој потсети дека тогаш загинаа 15 лица, а двајца беа тешко повредени.
– И од тој момент Србија како да е заглавена во таа несреќа… За жал, уште еднаш видовме политички злоупотреби на оваа трагедија и обиди некој да ја капитализира катастрофата, некој политички да капитализира од загубата на човечки животи – додаде Вучевиќ.
Српскиот премиер денеска соопшти дека одлуката за оставка ја донел по синоќешните настани во Нови Сад кога беа нападнати студенти.
Тој информира рече дека утрово имал долг и содржаен разговор со српскиот претседател Александар Вучиќ и додаде дека Вучиќ ги прифатил неговата одлука и аргументи.
Тој истакна дека политичарите треба да прифатат одговорност и да покажат дека се подготвени да помогнат во намалувањето на тензиите во општеството.
НЕШТО ГОЛЕМО СЕ КРЧКА ВО БЕЛГРАД Српскиот премиер денеска ќе поднесе оставка?