И 14 здравствени работници од четири града меѓу заразените со коронавирусот

Тука се вклучени лица од Скопје, Кавадарци, Дебар и Куманово - потврди министерот Филипче. 

757

Позитивни на коронавирус се 14 или 15 лица – здравствени работници од четири града.

– Тука се вклучени лица од Скопје, Кавадарци, Дебар и Куманово – потврди министерот Филипче.






Во однос на новите случаи,  Филипче рече декадобро е што дел од новодијагностираните случаи се откриваат во рана фаза.

– Тоа значи дека здравствениот систем може да ја амортизира бројката на пациенти. Апелираше граѓаните да ги почитуваат мерките, бидејќи, како што потенцира, од сите искуства од другите земји и од студии може да се види дека, покрај епидемиолошките анкети тестирањето кога ќе помине инкубацискиот период, најдоброто што може да се направи е почитување на самоизолацијата и прекин на социјалните контакти – рече министерот.

Според него, добро е што дел од новодијагностираните случаи се откриваат во рана фаза, заради тоа што, како што рече, тоа значи дека здравствениот систем може да ја амортизаира бројката на пациенти. Апелираше граѓаните да ги почитуваат мерките, бидејќи, како што потенцира, од сите искуства од другите земји и од студии може да се види дека, покрај епидемиолошките анкети тестирањето кога ќе помине инкубацискиот период, најдоброто што може да се направи е почитување на самоизолацијата и прекин на социјалните контакти.

За четворицата пациенти на Инфективна клиника, тројца се во значително добра состојба и кај сите утре ќе биде земен контролен брис и ако биде негативен, тие ќе се упатат на домашно лекување.

Тој најави дека викендов или следната недела ќе биде објавена  детална статистика во врска со бројот на пациенти, ќе бидат прикажани дијаграми и бројките, но и очекувањата со можен процент на грешка, согласно анализата на епидемиолозите.

 

Поврзани содржини