ХУТИТЕ ПОГОДИЈА АМЕРИКАНСКИ ТОВАРЕН БРОД Пловел под знаме на Маршалски Острови

Избувнал пожар на американскиот брод, но тој и понатаму е во пловна состојба и нема повредени, информира британска компанија за поморска безбедност.

321

Британската компанија за поморска безбедност Амбри соопшти дека товарен брод во сопственост на САД e погоден со проектил во близина на јужниот брег на Јемен.

Според Амбри, нападот „ги таргетирал интересите на САД како одговор на американските воени напади врз воените позиции на Хутите во Јемен“.






Амбри известува дека избувнал пожар на американскиот брод кој пловел под знаме на Маршалските Острови, но тој и понатаму е во пловна состојба и нема повредени.

Се наведува и дека бродот дека не е поврзан со Израел.

Безбедносната агенција за поморски трговски операции на Обединетото Кралство претходно соопшти дека капетанот на бродoт пријавил дека левата страна на бродот била погодена одозгора со проектил во близина на јужниот пристанишен град Аден во Јемен.

Нападот се случил на околу 110 милји (177 километри) милји југоисточно од Аден.

Портпаролот на Хутите Мухамед Абдулсалам рече дека ставот на јеменската бунтовничка група за војната во Газа не е променет по американско-британските напади врз Јемен.

„Нападите врз израелските бродови и бродовите кои одат кон пристаништата на окупирана Палестина ќе продолжат“, изјави Абдулсалам за британски медиуми.

Поврзани содржини