ХУТИТЕ ЌЕ ГИ ОГРАНИЧАТ НАПАДИТЕ ВО ЦРВЕНО МОРЕ ПО ПРИМИРЈЕТО ВО ГАЗА Цел ќе бидат само бродови, поврзани со Израел

Хутите вчера преку електронска пошта ги известија сопствениците на бродските компании за својата одлука.

182

Јеменските бунтовници Хути соопштија дека ќе ги ограничат нападите во Црвено Море само на бродови поврзани со Израел, откако вчера стапи во сила прекинот на огнот помеѓу Израел и Хамас.

Хутите вчера преку електронска пошта ги известија сопствениците на бродските компании за својата одлука.






Хутите, од почетокот на војната помеѓу Израел и Хамас на 7 октомври 2023 година, извршија напади со проектили и со беспилотни летала на околу 100 трговски бродови.

Хутите заробија и еден брод и потопија 2 брода, при што загинаа четворица морнари.

Поврзани содржини