ХУРЕМ ГО ПРОСЛАВИ РОДЕНДЕНОТ КАКО ВИСТИНСКА СУЛТАНА Еве колку години наполни турската актерка
Турската актерка Мерјем Узерли, која стана популарна кај публиката по улогата на Султана Хурем во серијата „Сулејман Величествениот“, го слави својот роденден. Наместо гламурозни забави и рефлектори, Мерјем одлучила овој посебен ден да го помине со своите најблиски.
На прославата што турската актерка Мерјем Узерли, познатата султана Хурем, ја организирала за својот 42-ри роденден присуствувале нејзината сестра, родителите и двете ќерки, а атмосферата, судејќи според фотографиите, била исполнета со смеа, прегратки и нежни семејни моменти.
На масата доминирале елегантни роденденски тортички со фотографии од членовите на нејзиното семејство, а просторијата била украсена со цвеќиња и балони во златни тонови.
View this post on Instagram
И самата славеничка блеска во златен фустан, исто како и нејзината сестра Џанан, родителите на славеничката – мајката Урсула и таткото Хусеин кои исто така биле облечени во златни тонови, исто како и ќерките на познатата актерка, Лара и Лили, кои уживале во топлата семејна атмосфера.
Мерјем им се заблагодарила на сите за честитките на социјалните мрежи. Таа пишува дека нејзиниот најголем дар е времето поминато со оние што ги сака.