Хуморот помага во ситуации на зголемен стрес
„Не изненадува кога во последниот период гледаме како Италијаните пеат колективно на терасите од своите домови, но пеењето дефинитивно помага во намалување на стресот и тензијата. Исто како и хуморот, затоа смејте се колку можете“, порачува психотерапевтката Надица Скепароска-Петковска
Нашата соговорничка Надица Скепароска-Петковска е магистер по клиничка психологија, психотерапевтка специјализант по Трансакциска Анализа. Основач на советувалиштето „Мозаик“ и советник во Прв семеен центар на град Скопје.
„Мозаик“ функционира веќе пет години, како центар за психотерапија и советување. Работат со возрасни, семејства и деца, а со оглед на актуелната состојба со коронавирусот, сега работат со намалено темпо, односно со 40% од претходниот обем на работа, преку онлајн сесии.
Според Трансакциска Анализа (ТА), вели Скепароска-Петковска, во ситуации кога стресот е на високо ниво, кога сме лишени од остварување на одредени потреби, како социјализација и излегување, започнуваме да се однесуваме нерационално. Според ТА, енергијата оди во его-состојба на Дете и преку таа его-состојба се справуваме со секојдневието. Целото интервју со психотерапевтката Скепароска-Петковска прочитајте го на порталот „Мајка и дете“.