ХУМАНИТАРНИТЕ КОРИДОРИ ДЕЛУМНО ФУНКЦИОНИРААТ Над 7.000 луѓе евакуирани од опколените градови
Украинската Влада планира утре да испрати речиси 50 автобуси во Мариупол за натамошна евакуација.
Од украинските градови денеска преку хуманитарни коридори се евакуирани 7.295 луѓе, изјави потпретседателката на украинската Влада, Ирина Верешчук.
Таа истакна дека функционирале четири од седумте планирани рути. Од вкупниот број, 3.985 луѓе се евакуирани од опколениот град Мариупол во градот Запорожје.
– Украинската Влада планира утре да испрати речиси 50 автобуси во Мариупол за натамошна евакуација – додаде Верешчук.