ХУМАНА ТРАДИЦИЈА Видеолотарија реализираше уште една крводарителска акција

Негувајќи ги заложбите за општествена одговорност, тимот на Државна видеолотарија уште еднаш, традиционално во хумана мисија. Во Институтот за трансфузиона медицина од Скопје, реализираа крводарителна акција.

41

Со дарување крв од страна на вработените, Видеолотарија Касинос Австрија во соработка со Институтот за трансфузиона медицина од Скопје, успешно ја реализираше и најновата крводарителната акција, со што уште еднаш покажа хуманост на дело. Списокот на вработени кои даруваа крв, беше надополнет и со нашиот бренд амбасадор, автомобилскиот шампион Игор Стефановски Иџе.

– Крводарителството е доброволна акција, која некому може да му го спаси живот. Постапката за дарување е брза и мошне едноставна, а јас скоро секогаш кога сум во можност, практикувам да се вклучам во вакви хумани активности – изјави Игор Стефановски Иџе.






– Акцијата веќе е убава хумана традиција, која ја практикуваме како колектив, додека голем дел од вработените практикуваат и индивидуално да поддржуваат вакви хумани активности. На овој начин, даваме придонес во спасувањето човечки животи и во промовирање и поттикнување на доброволното дарување крв – велат од Видеолотарија.

Крводарителството е доброволен чин и индивидуален одраз на хуманост и на солидарност. Крводарител може да биде секое лице на возраст од 18 до 65 години, со добра општа здравствена состојба. Според критериумите за крводарување, мажите може да даруваат крв на секои 3, а жените на секои 4 месеци. Едно крводарување може да спаси 3 до 4 човечки животи.

Поврзани содржини