ХУЛИО ИГЛЕСИЈАС ВО СЕНКА НА ТЕШКИ ОБВИНЕНИЈА Жените сведочат за „куќа на ужаси“ и злоупотреба

Министерката за труд на Шпанија, Јоланда Дијаз, пак, ги нарече сведоштвата „ужасни“, истакнувајќи дека жените „опишале сексуален напад и состојба блиска до ропство“.

286

Шпанскиот музички легендарен пејач Хулио Иглесијас се најде во центар на нов скандал откако две поранешни вработени го обвинија за сексуален напад и трговија со луѓе. Според истражувањето на „The Guardian“, elDiario.es и Univision Noticias, жените работеле во неговите вили на Бахамите и во Доминиканската Република и тврдат дека биле подложени на понижувачки третман, физички допири без согласност и контрола во „атмосфера на страв“.

„Куќа на ужаси“ и тишина од пејачот






Една од нив, под псевдоним Ребека, сведочела дека Иглесијас ја повикувал во својата соба речиси секоја вечер и ја користел без нејзина согласност. Таа изјавила:
– Ме користеше речиси секоја вечер. Се чувствував како предмет, како роб.

Другата жена, под псевдоним Лаура, го обвинила дека ја бакнувал и ја допирал за време на работа, прво на плажа, а потоа и покрај базенот.

Истрагата, спроведена три години, ги вклучува сведоштва од уште 15 поранешни вработени кои зборувале за изолација, строг надзор и „нормализирана злоупотреба“.

Правни чекори и поделени реакции во Шпанија

ElDiario.es објави дека жените поднеле формални жалби до највисокиот кривичен суд на Шпанија — Audiencia Nacional. Иглесијас и неговиот правен тим засега молчат.

Во одбрана на пејачот застана Изабел Дијаз Ајусо, претседателка на регионот Мадрид, која објави дека нејзината администрација „никогаш нема да придонесе за дискредитација на уметник, особено кога станува збор за најуниверзалниот шпански пејач“.

Состојба блиска до ропство

Министерката за труд на Шпанија, Јоланда Дијаз, пак, ги нарече сведоштвата „ужасни“, истакнувајќи дека жените „опишале сексуален напад и состојба блиска до ропство“.

Обвиненијата предизвикаа лавина реакции во Шпанија и на социјалните мрежи, каде што јавноста бара транспарентност и правда, додека фановите на пејачот се поделени меѓу разочараност и сомнеж.

 

Поврзани содржини