🎥 ХУЛИГАНИ ЗАПАЛИЈА ИГРАЛИШТЕ ВО РАДИШАНИ Теренот беше покриен со професионална подлога за баскет
Совесни граѓани виделе како теренот гори и пријавиле.
Вечерва намерно е запалена баскет подлогата на игралиштето во населбата Радишани, објави градоначалникот на Општина Бутел Дарко Костовски.
„Станува збор за едно од најубавите баскет игралишта во државата. Терен покриен со сертифицирана подлога за баскет од ФИБА. Мала среќа што чуварот на училиштето и совесни граѓани случајно виделе како гори подлогата. Огнот е изгаснат, а штетата не е преголема за среќа. Друго ништо не би кометирал, немам зборови“, напиша Костовски.