ЖИЧАРНИЦАТА НА ВОДНО СО НОВО РАБОТНО ВРЕМЕ Стартува зимскиот режим на возење

Во период 16:00 до 16:30 часот ќе биде последно возење од долу кон врвот на Водно, а во 16:45 часот од врвот надолу.

265

Жичарницата на Водно од утре ќе работи по зимски  режим, односно, од 10 до 17 часот, информираат од Јавното сообраќајно претпријатие – Скопје.

– Во период 16:00 до 16:30 часот ќе биде последно возење од долу кон врвот, односно, во 16:45 часот од врвот надолу – соопштија од ЈСП.






Ова работно време ќе се применува до март 2024 година.

Од ЈСП Скопје информираат дека секој понеделник и секој последен вторник во месецот се неработни денови за жичарницата

Поврзани содржини