ХРВАТСКИТЕ ВОЈНИЦИ НЕМА ДА ВОДАТ ТУЃИ ВОЈНИ Милановиќ ќе ја чува Хрватска од конфликти и нема да прати војска во Украина

Хрватскиот претседател Зоран Милановиќ напиша дека Хрватска нема да спроведува туѓи одлуки без размислување и со следење наредби, туку ќе биде внимателна и ќе се грижи за својот интерес, ќе го доведува во прашање тоа што се случува, но ќе биде искрена и лојална на оние со кои потпишала сојуз.

377

Хрватските војници нема да водат туѓи војни, објави на Фејсбук хрватскиот претседател Зоран Милановиќ.

„Хрватските војници нема да водат туѓи војни. Додека сме сведоци на глобални промени и на конфликти кои можат да имаат непроценливо влијание врз светскиот мир и поредок, дискусиите за можното заминување на војници од одделни членки на НАТО во Украина почнуваат повторно. Додека сум претседател на Републиката, Хрватска ќе ја чувам од вакви конфликти“, напиша Милановиќ.






Хрватска нема да спроведува туѓи одлуки без размислување и со следење наредби, туку ќе биде внимателна и ќе се грижи за својот интерес, додаде хрватскиот претседател.

„Хрватска постојано ќе го доведува во прашање тоа што се случува околу нас, но ќе биде искрена и лојална на оние со кои потпишала сојуз“, напиша претседателот на Хрватска и кандидат за нов мандат, Зоран Милановиќ во статусот на Фејсбук.

Поврзани содржини