Познатиот хрватски актер и пејач Фрањо Ласиќ (65) наскоро повторно ќе стане татко.
Како што пишува српски „Блиц“, сопругата на Ласиќ, 30 години помладата Милена Матиќ, уметница од Белград, е во седмиот месец од бременоста. Уметничката двојка е во брак од 2015 година, а пред тоа беше во врска три години.
Бремената Милена вчера објави и фотографија на својот инстаграм-профил каде напиша:
„Инспирацијата доаѓа во деновите на бременоста.“
Ласиќ поради младата уметничка и понатаму живее на релација Хрватска-Србија, а во последно време се занимава и со хуманитарна работа.
Ова е четврти брак на Фрањо Ласиќ, и четврто дете.
ФОТО: Инстаграм