Хрватскиот претседател напушти собир поради усташкиот поздрав „За дом спремни“ ВИДЕО

1,222

Хрватскиот претседател Зоран Милановиќ го напушти денес одбележувањето на годишнината од воено-полициската акција Блесок.

Милановиќ го напушти настанот, откако еден од присутните истакна маица со усташкиот извик „За дом спремни“.






Премиерот Андреј Пленковиќ и претседателот на парламентот Гордан Јандроковиќ останаа на манифестацијата, а Милановиќ кажа дека тие морале тоа да го направат, пренесуваат хрватските медиуми.

На прашањето дали разговарал со премиерот за тоа, Милановиќ кажа:

„Разговарав. Тој ги крена рамењата. Имам разбирање за премиерот, но на поздравот „За дом спремни“ тука не му е местото“, кажа претседателот на Хрватска.

 

Поврзани содржини