Следејќи ги препораките на епидемиолозите, премиерот Андреј Пленковиќ во понеделникот изврши повторен тест за присуство на коронавирус, а неговиот тест беше позитивен, соопшти попладнево службата за информирање на хрватската Влада.
„Претседателот на Владата претходно доби епидемиолошка мерка за самоизолација и сега ќе биде во изолација од 10 дена. Тој во моментов се чувствува добро, а премиерот продолжува да ги извршува своите активности и одговорности од дома и ќе ги следи сите упатства од лекарите и епидемиолозите“.’ се наведува во соопштението за медиумите.
Пленковиќ е во самоизолација од саботата, бидејќи неговата сопруга била позитивна откако и се појавиле симптоми. Неговиот прв наод бил негативен, па му била дадена мерка на самоизолација од 10 дена.