ХРВАТСКИОТ ПРЕМИЕР ЧЕКА ТРЕТО ДЕТЕ Имаат син и ќерка

Пленковиќ и неговата сопруга се родители на седумгодишниот син Марио и четиригодишната Мила.

147

Кабинетот на претседателот на хрватската влада потврди дека Ана Маслаќ Пленковиќ (42), сопруга на премиерот Андреј Пленковиќ (51) го очекува третото дете.

„Со оглед на големиот интерес на јавноста и медиумите можеме да потврдиме дека претседателот на владата Пленковиќ и неговата сопруга ќе станат родители по трет пат, се наведува во соопштението.






Пленковиќ и неговата сопруга се родители на седумгодишниот син Марио и четиригодишната Мила. Во соопштението се наведува дека Ана се чувствува добро и дека двајцата се радуваат за приновата.

Андреј и Ана Пленковиќ се во брак од 2014 година.

Поврзани содржини