📽️ ХРВАТСКИ НОВИНАР СЕ ПОСРАМОТИ ВО ТЕЛ АВИВ Известуваше со откопчан шлем, зад него девојки типкаа на мобилен
Не се знае од каде му е зелениот шлем на Влахов, забележува Јутарни Лист.
Новинарот Петар Влахов од Хрватската радиотелевизија ХРТ стана мета на потсмев на интернет откако со откопчан шлем, речиси легнат на земјата известуваше од Тел Авив во дневникот на ХРТ, а во позадината можеа да се видат две жени кои стојат до автомобил и безгрижно типкаат на своите мобилни телефони.
Јутарни Лист забележува дека Влахов „носеше откопчан шлем без панцир, додека другите репортери во Израел носат син панцир со натпис ПРЕСС и сина кацига – бидејќи новинарите во воените зони мора да бидат обележени“.
„Не се знае од каде му е зелениот шлем на Влахов“, се наведува во написот.
Новинарот во вклучувањето тврдел дека непосредно пред тоа бил сведок на ракетен напад на Хамас и дека кога заедно со останатите од екипата виделе неколку ракети морале да излезат од автомобилот.