ХРВАТСКИ НОВИНАР ПОКРЕНА ШИРОКА ДЕБАТА Безобразно солени се цените на Јадранот!

Пицата на море денес чини 100 куни, и среќен е оној родител кој може да им купи по една на своите деца и да ја сподели со нив. Да бидеме реални. Храната за сиромашните стана недостижна, реагира хрватскиот новинар.

518

Поранешен телевизиски водител и уредник, сопственик на една од најуспешните хрватски модни агенции  Хамед Бангура честопати коментира разни актуелни теми во Хрватска на социјалните мрежи, а овојпат ги коментираше вестите дека пицата, позната како храна за сиромашните на Јадранот станува недостижна.

Тој не криеше дека се згрозил што пиците се продаваат и по цена од 100 куни.






– Се сеќавам кога пица во „Пургер“ или„ Двојка“ чинеше 20 куни, а газдите беа презадоволни. Чекавте 30 до 60 минути за маса. Пицата на море денес чини 100 куни, и среќен е оној родител кој може да им купи по една на своите деца и да ја сподели со нив.
Да бидеме реални. Храната за сиромашните стана недостижна – напиша тој.

Во коментарите на неговиот пост, брзо се разви широка дебата во која граѓаните и посетителите на сајтовите што го пренесуваат овој став на новинарот не престануваат да коментираат, револтирани од „пресолениата“ храна.

Хрватите сметаат дека цените се безобразно скапи, а некои дека Дубровник и Загреб не можат да се споредат.

Поврзани содржини