ХРВАТСКИ МИНИСТЕР ПОЗИРАШЕ БЕЗ МАИЦА Што коментираа неговите следбеници?
Хабијан сподели серија фотографии од исцрпувачкиот фитнес натпревар, покажувајќи ги своите мускули и тетоважи во ретко видена верзија.
Хрватскиот министерот за правда, администрација и дигитална трансформација, Дамир Хабијан е веројатно најзгодниот хрватски политичар кој во последно време привлекува големо внимание на социјалните мрежи.
Познат по својата посветеност на спортот и активниот начин на живот, со својата последна објава на Инстаграм, повторно ја потсети јавноста на својата импресивна физичка подготвеност.
Хабијан сподели серија фотографии од исцрпувачкиот фитнес натпревар, покажувајќи ги своите мускули и тетоважи во ретко видена верзија.
На објавените фотографии, министерот позира без маица по она што се чини дека е исцрпувачки предизвик на натпреварот „One Rep More – Hybrid throwdown“ во Забок.
Во друштво на својот спортски партнер и други натпреварувачи, Хабијан гордо ги покажува резултатите од напорниот тренинг, а фотографиите го прикажуваат во средината на акцијата, додека весла и крева тегови.
View this post on Instagram
Неговите следбеници не го криеја своето воодушевување од она што го видоа. Објавата брзо собра бројни лајкови и позитивни коментари. „Браво, пофалби“, „Тоа, министере“ и „Топ“ се само дел од пораките за поддршка. Коментарот на еден следбеник особено се издвои: „Никој нема министер како овој“.